Реал Мадрид ја разгледува можноста да го ангажира ветеранот Пепе Реина како резервен голман, во случај Кејлор Навас да замине во Пари Сен Жермен како дел од пакет-трампа со која Нејмар би преминал во мадридскиот гигант.
Весникот „Ас“ ја објави оваа ексклузивна информација како одговор на пишувањата на „Марка“ дека Костариканецот Навас побарал да биде продаден бидејќи не сака да му биде резерва на Тибо Куртоа. Реал за Нејмар на ПСЖ му го нуди Навас и уште еден до двајца играчи, плус пари.
Реина, кој има 36 години, е член на Милан, каде што е резерва на Донарума, и неговиот премин во Реал не би бил проблематичен. Интересно е што Реина има брането за Барселона, Ливерпул, Баерн Минхен и Милан, а ако застане и на голот на Реал, ќе биде единствен во историјата што носел дресови на петте најуспешни клуба во Лигата на шампионите.
Пепе Реина не е единствениот ветеран за кој во Реал размислуваат да го земат на една година, на местото на Навас. Потенцијални принови се и Субашиќ од Монако, Кабаљеро од Челзи, Миранте од Рома и Стекеленбург од Евертон.