Емери им објасни на Мустафи и Елнени: Заминете си додека не е доцна

Унаи Емери воопшто нема да смета на Шкодран Мустафи и на Мохамед Елнени во новата сезона и им посочи на двајцата до неодамна стандардни првотимци на Арсенал што поскоро да си заминат за да можат да најдат клубови до крајот на преодниот рок.

Последниот рок за промена на средината во поголемите лиги во Европа е втори септември, а засега нема конкретни понуди за Мустафи и за Елнени.

„Тие се големи играчи, но во овие услови не би имале доволна минутажа, според квалитетот што го имаат. Ја знаат ситуацијата и за нив најдобро е да си најдат нови клубови и нови предизвици во кариерата“, рече Емери.

За Мустафи постои интерес од Монако, но нема ништо конкретно, а за Елнени имаше шпекулации дека ќе се пресели во некој од турските клубови.

Лани ексгерманскиот репрезентативец Мустафи беше стартер на 31 меч за Арсенал, но и трпеше многу критики за слабите игри. Елнени одигра 17 натпревари во сите конкуренции во ланската сезона за Топчиите.

 

- Оглас -

Најнови вести