Бразилската фудбалска федерација во соработка со ФИФА направи нов чекор кон борбата против хомофобијата. Воведено е ново правило според кое клубовите ќе се казнуваат со одземање бодови доколку за време на официјалните мечеви се шири омраза врз сексуална определба.
За какви било извикувања од трибините против ЛГБТ-заедницата ќе се казнуваат клубовите. На овој начин треба да се намали бројот на токсични навивачи кои ја рушат убавата атмосфера на бразилските стадиони. Официјалните арбитри по секој натпревар ќе може да запишат во извештајот доколку од трибините се слушаат навреди на сексуална определба.
Во екстремни ситуации, судиите ќе може предвреме да одсвират крај на мечот, а во случај на подобрувања истиот ќе ме да продолжи.
Светката фудбалска куќа смета дека овој проблем е исто голем колку и борбата против расизмот, па затоа се преземаат мерки во земји каде што најмногу е застапен овој тип омраза.