Првиот денешен тренинг во пресрет на новата трка во Мото ГП шампионат беше возбудлив по остварувањето на Марк Маркес. Актуелниот светски првак во кралската класа, постави нов светски рекорд за извозен круб на култната патека Силверстоун, каде што за два дена ќе се вози за Големата награда на Британија.
Шпанецот иако во текот на тренингот падна при возење, избегна повреда и набрзо се врати на патеката, а најбрзиот круг го оствари за време од 1:59,225.
Британското Гран при ќе се одржи во недела во 14 часот.
https://twitter.com/MotoGP/status/1164890621984874497