Нов спорт – одбојка на вода (Видео)

На три недели до стартот на Европското првенство во одбојка за мажи, главниот град на Словенија, Љубљана, беше домаќин на несекојдневен одбојкарски настан, поточно одбојка на вода. Наместо од паркет или песок кои беа видени досега како подлоги, во Љубљана одбојкарите газеа по водата на реката Љубљаница.

И македонската репрезентација од 12-ти септември ќе игра на ЕП во Љубљана, па Словенците прават промоции, меѓу кои и оваа одбојка на вода. Да биде уште поспектакуларно, настанот се одржа ноќно време, под рефлектори.

Публиката гледаше три сета кои се играа до 15 поени, а учествуваа и одбојкари и одбојкарки.

- Оглас -

Најнови вести