УЕФА покрена дисциплинска постапка против Романија

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, покрена постапка против Фудбалската федерација на Романија поради истакнување расистички транспаренти и скандирање од трибините со политичка содржина. Овие прекршоци, романската публика ги направи на дуелот со Србија од Лигата на нациите, меч кој заврши 0-0.

Романските фанови во Букурешт скандираа „Косово е Србија“, порака која ја испраќаа и српските фанови, проследено со аплаузи, а на товар на домашните им се става и тоа што расистички ги навредувале Унгарците!? Иако Унгарија не играше на средбата, сепак Романците не ги „мирисаат“ своите западни соседи.

Делегатот во својот извештај запишал и дека имало палење факли и втрчување на навивачи на теренот. Дисциплинската комисија на УЕФА ќе заседава на 25-ти октомври и тогаш ќе се знае дали Романците ќе минат само со парична казна или ќе има и суспензија на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести