Марк Маркес го предизвика Луис Хамилтон на битка на шампионите, а би имало двомеч, односно по една трка со Ф1 болидите и потоа и со мотори од ГП класата.
„Знам дека Луис вози и мотор и би било интересно да видиме кој е подобар. Прво можеме да се тркаме со Ф1 болиди, а потоа и со моторите од ГП класата. Еден, против друг без конкуренција, лице в лице. Знам дека би бил вистински спекаткл“, вели Маркес.
Тој доминира во Мото ГП трките во последно време и има пет титули, а Хамилтон е неприкосновен во формула 1, па некако се поклопи доминацијата на двете големи ѕвезди на мотоспортот и предлогот на Маркес, ако го прифати Британецот би можел да биде вистински спектакл за љубителите на брзините.