Французинот Рејмонд победи на Охридскиот пливачки маратон

Актуелниот светски првак во маратонско пливање, Французинот Аксел Рејмонд, победи на Ултра маратонот на 25 километри, што се одржа денеска на Охридското Езеро. Тој патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина за 5 часа, 20 минути и 55 секунди.

Рејмон триумфираше во Охрид и во 2013 година. Второто место го освои Македонецот Евгениј Поп Ацев со 8 секунди послабо време од победникот, но и ова второ место беше доволно за Евгениј да избие на првото место на светската ранг-листа, минувајќи го Италијанецот Стокино, кој во Охрид заврши на делба на 4-то место заедно со Холанѓанецот Марсел Шоутен. Франческо Џетини, минатогодишниот победник, трката ја заврши на третото место.

Во женска конкуренција, победи Италијанката Аличе Франко, со време 5.41:15, пред Ерика Јенсен од Аргентина и водечката во генералниот пласман Пилар Гејко.

Маратонот во Охрид е четврта трка во рамките од Ултра пливачка серија под капата на ФИНА. До крајот на сезоната има уште две трки, во Хрватска и Италија. Вкупниот награден фонд на 33-от Охридски пливачки маратон е 15 000 долари.

- Оглас -

Најнови вести