Новак Ѓоковиќ на таканаречениот „детски ден“ на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк, ги воодушеви присутните со својата непосредност. Тој потпишуваше автограми, се дружеше со децата, а на крај и заигра со нив, во една кореографија која тие ја имаа подготвено.
Србинот е во САД каде се подготвува за одбрана на титуата на последниот гренд-слем турнир годинава. САД опен почнува утре, а Ѓоковиќ во првото коло ќе се сретне со Роберто Карбалес Баена, кој е 76-то рангиран на светската листа.
https://twitter.com/i/status/1165352782821568512