Обложувач од Гостивар како со мерак да чекал да започне италијанската Серија А. Вчера успеал да состави тикет од шест меча, од кои четири се од италијанското првенство, и со вложени 50 денари да добие 132.464 денари. Лесно ги погодил двете голеади. На Рома – Џенова одигра 4+ (3:3), а СПАЛ – Аталанта ја типувал ГГ3+ (2:3). Буил сигурен во победа на Лацио против Сампдорија (0:3) и триумф на Торино против Сасуоло во меч со три гола (2:1).
Иако на добитниот тикет најмногу мечеви има од Серија А, дуелот со најголем коефициент е од Франција. Типот дека Рен ќе го добие Стразбур на гости во двете полувремиња е со коефициент 10. Рен даде по еден гол во двете полувремиња, а среќата на прогнозерот од Гостивар е голема бидејќи Стразбур во 40-тата минута утна пенал.
Многумина се жалат дека „паднаа“ на поразот на Тотенхем од Њукасл (0:1), но овој пар на добитниот тикет е одигран на голови, и тоа 0-2.
НА ПОВЕЌЕ ПОГОДЕНИ ПАРОВИ, ГРАТИС Е „ЗАЧИН“ ОД ФИБОНАЧИ БОНУСОТ
Варијантата да се игра на посигурни коефициенти и на фаворити му се исплатеше на обложувач во Аеродром. Наредени 14 пара за добивка од 99.909 денари со уплата од 50 денари. Дури 13 од двојките се со коефициенти меѓу 1.50 и 1.95, што покажува дека играњето на реални комбинации е ефикасен.
Кога се играат повеќе вакви парови, секогаш добивката е „зачинета“ и со Фибоначи бонусот. На тикетот уплатен во Аеродром тој бонус е 25.350 денари.
Над 20.000 бонус има и на добитниот тикет уплатен во Вевчани. На 15 погодени парови со 20 денари, добивката е 64.454 денари, а повеќе од една третина од добивката е благодарение на Фибоначи бонусот. На овој тикет преовладуваат мечеви кои се играат доцна навечер, односно рано наутро во земјите од Северна и Јужна Америка.
ВЕРБАТА ДЕКА ЌЕ БИДЕЛ ГОЛ-ГОЛ ВО ВТОРО, ДОНЕСЕ 3.000 ЕВРА ВО ПЕШТАНИ
Шест погодени натпревари има и на тикетот одигран во Пештани. Дали некој локален играч или турист кој летува на Охридското езеро ќе биде побогат за 189.035 денари, и тоа со вложени 150 денари? Филозофијата е едноставна, на шест натпревари дека во второто полувреме двете екипи ќе дадат гол.
Сите првенства во Европа се започнати и сега понудата е огромна. Овие четири тикети покажуваат дека постојано има шанса за добивка, само треба да се одберат вистинските варијанти.