Ред Бул и Торо Росо ги трампаа возачите

Во пресрет на трката за Големата награда на Белгија, со која завршува летната пауза во Формула 1, Ред Бул рејсинг и Торо Росо ги разменија возачите. Александер Албон од сега, па до крајот на сезоната ќе го вози вториот болид на Ред Бул и ќе му биде колега на Макс Ферстапен, додека Пјер Гасли се враќа во Торо Росо откако возеше за овој тим и во 2017 и 2018 година.

Една од причините за оваа трампа е поради незадоволството на челниците на Ред Бул од настапите на Гасли. Тој досега освои 63 бода во генералниот пласман, односно двојно помалку од петтопласираниот Ферстапен.

Од Албон, пак, се очекуваат многу подобри настапи на останатите девет трки од шампионатот, иако досега освои само 16 бода и е 15-ти во генералниот пласман.

Белгиското Гран при на популарната патека „Спа“ е закажано за претстојниот викенд, поточно за првиот ден од септември во 15:10 часот.

https://twitter.com/redbullracing/status/1165959696643178496?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1165959696643178496&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FAutomoto%2FFormula-1%2Fa306397-Trampa-izvrsena-Albon-seo-u-Red-Bul-Gasli-u-Toro-Roso.html

https://twitter.com/ToroRosso/status/1165979032594329600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1165979032594329600&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FAutomoto%2FFormula-1%2Fa306397-Trampa-izvrsena-Albon-seo-u-Red-Bul-Gasli-u-Toro-Roso.html

- Оглас -

Најнови вести