Аргентинецот Дамиан Стајнер за еден и пол месец помина од врвот до дното. Тоа е судијата кој беше главен арбитар на финалето на Вилмбдон помеѓу Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Тоа финале беше најдолгото во историјата на најстариот тениски турнир во светот.
Стајнер одлично го водеше мечот, но за негова жал, тоа е и последниот меч во неговата судиска кариера. Тој доби отказ од АТП, бидејќи по завршување на финалето во Вимблдон, судијата давал интервју во родната Аргентина, без дозвола од првите луѓе во тенисот.
Ова правило во тенисот е многу добро познато за судиите и Стајнер морал да го знае тоа, иако одлуката на АТП е повеќе од сурова, бидејќи поради неколку реченици за некој медиум, Аргентинецот остана без работа во тенисот.
„Не ја знам целата приказна, но Стајнер е одличен судија и еден од омилените кај играчите“, рече тенисерот Џон Иснер.
Стајнер е носител на Златна значка која ја имаат само врвните судии во тенисот, но овој арбитар го нема меѓу арбитрите на САД Опен.