Алисон Риске ја израдува домашната публика со изненадување и победа во првото коло на САД опен против Гарбине Мугуруза.
Во три сета 29-годишната тенисерка од Питсбург ја елиминира фаворитката и двојна гренд-слем шампионка од Шпанија.
Мугуруза е рангирана како 24-та носителка на последниот гренд-слем турнир во годината, игра нешто послабо на тврда подлога, но сепак беше голема фаворитка за пласман во второто коло.
Риске, која не е рангирана како носителка на турнирот направи пресврт, откако го загуби првиот сет со 2:6 и на убедлив начин со 6:1 и 6:3 ги доби последните два сета и се пласира понатаму.
Во тек се голем број на мечеви од првото коло во машка и во женска конкуренција на терените во „Флешинг Медоуз“.