Црвена Звезда и Динамо Загреб ќе ја претставуваат екс-Југославија во елитната Лига на шампиони, по денешните два нерешени резултати и тоа идентични, 1:1.
Белграѓани го издржаа притисокот на Јанг Бојс во финишот на реваншот на „Рајко Митиќ“, одиграа нерешено 1:1 и со вкупен резултат 3:3, благодарение на повеќе постигнати голови на гости ќе играат вторпат по ред во Лигата на шампионите.
Вечерва во 59. минута Вукановиќ ја крена армијата од 50 илјади симпатизери на Црвена Звезда на нозе на малата Маракана, со водечки гол за српскиот првак.
https://www.youtube.com/watch?v=BUs-kgBYy2M
Јанг Бојс израмни во 82. минута со автоголот на Бен, а имаше чиста шанса во последните моменти и за пресврт, но домаќините беа посреќни и ќе играат во ЛШ.
Розенборг најави тешка битка во реваншот во Трондхајм со водечки гол во 11. минута. Акинтола погоди и ја преполови предноста на Динамо од Загреб од 2:0.
Но, Амер Гојак со фантастичен гол во 71. минута израмни на 1:1 и го одведе хрватскиот шампион во друштво на најсилните екипи во Европа.
https://www.youtube.com/watch?v=ANGITEo3NjE