Ја урнаа конкуренцијата на патот до ЛШ, планираат да го урнат и „Максимир“

Динамо Загреб ќе игра во Лигата на шампионите, а веднаш по големиот успех и ремито во Трондхајм, што им овозможи дружба со европскиот крем, најавено е дека „Максимир“ ќе оди во историја.

Претседателот на популарните „модри“ Мирко Баришиќ објави дека на истото место ќе се гради комплетно нов стадион, а тоа Динамо ќе го стори сам, ако градот Загреб не прифати јавно приватно партнерство.

„Ние упорно бараме да биде партнери со градот, но ако тие не сакаат сами ќе превземем одговорност и ќе изградиме модерен стадион“, изјави Баришиќ.

Динамо само со пласманот во фазата по групи во Лигата на шампионите ќе заработи околу 25 милиони евра, а приходите можат да бидат многу поголеми, во зависност пред се од атрактивноста на ривалите во ЛШ.

Ждрепката е закажана за утре од 18 часот во Нион.

- Оглас -

Најнови вести