Ѓоковиќ победи, но двапати бараше медицински тајмаут

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на САД откако со 6:4, 7:6(3), 6:1 го победи Хуан Лондеро од Аргентина. Бранителот на трофејот покажа дека е во одлична форма, но сепак има проблеми. Во текот на мечот, двапати мораше да бара помош од лекарската екипа. Ѓоковиќ се жали на болки во левото рамо. По мечот, Ѓоковиќ не сакаше многу да ги загрижува своите навивачи.

„Болката е нешто со кое се справувам веќе подолго време. Не е лесно кога постојано чувствувате болки, но мора да научите да се борите со тоа. Не ми е првпат да имам вакви проблеми“, рече по мечот српскиот тенисер.

За Ѓоковиќ ова беше 71-ва победа на Отвореното првенство на САД и се израмни со Пит Сампрас. Пред него сега се само уште четворица тенисери со повеќе победи на овој гренд слем турнир во новата ера. На врвот е неверојатниот Џими Конорс со 98 победи, потоа следуваат Роџер Федерер со 86 победи, Андре Агаси со 79 победи и Иван Лендл со 73 победи. Тоа значи дека уште оваа сезона Ноле може да го помине и Лендл.

Понудата на сите мечеви од Отвореното првенство на САД може да ја најдете на Sport Life.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести