Крис Смолинг ќе игра за Рома како позајмен играч од Манчестер јунајтед за сума од 3 милиони евра и без обврска на Римската волчица по завршувањето на сезоната да го откупи неговиот договор со Црвените ѓаволи.
Стоперот, кој е долго во Манчестер јунајтед од 2010 година, лани го продолжи договорот со англискиот гигант до 2022 година, но често е повреден, а и кога се враќаше на терен, играше сè послабо.
На Рома ќе ѝ биде добредојден за да се пополни празнината по заминувањето на грчкиот репрезентативец Костас Манолас во Наполи.
Смолинг за девет сезони, колку што играше за Манчестер јунајтед, одигра 206 натпревари и постигна вкупно 12 голови. Има и 31 меч во дресот на националната селекција на Англија.