Вирџил ван Дајк е изборот за најдобар играч за минатата сезона во Лигата на шампионите. Дефанзивецот на Ливерпул сосема заслужено ја добива престижната награда на УЕФА во конкуренција со Лео Меси и Кристијано Роналдо, откако беше клучна фигура во тимот на Јирген Клоп во походот кон шестата европска титула. Холанѓанецот исто така беше избран за најдобар дефанзивец за минатата сезона.
Инаку, Ван Дајк е прв дефанзивец, прв Холанѓанец и прв претставник од Премиер лигата кој го добива престижното одличје на УЕФА.
Меѓу голманите, за најдобар е избран Алисон Бекер. Чуварот на мрежата на Ливерпул уште во дебитантската сезона во дресот на англискиот првак оствари голем успех на европската сцена.
Френки де Јонг е најдобар меѓу играчите за врска, додека капитенот на Барселона, Лионел Меси како прв стрелец со 12 погодоци е најдобар голгетер за сезоната 2018/19.
Фудбалерката на Лион, Луси Бронз, ја доби наградата за најдобра во минатата сезона, додека француската икона Ерик Кантона ја прими Претседателската награда на УЕФА за животно дело.
https://twitter.com/LigaChampionsID/status/1167124726306594816