Повторно ќе се игра вечното аргентинско дерби меѓу Ривер плејт и Бока јуниорс во Копа Либертадорес, овојпат во полуфиналето во Копа Либертадорес, по вчерашното реми на актуелниот шампион во Асунсион против Серо Портењо.
Ривер плејт успеа да го елиминира парагвајскиот тим, а вистински јунак на првакот на Јужна Америка беше 22-годишниот Уругваец, Диего Николас де ла Крус, кој мина вистинска голгота пред реваншот.
Беше приведен од полицијата поради прекршок што го направи во 2016 година, потоа беше ослободен и настапи за гостите во реваншот, а тој е стрелецот за израмнување на 1:1, резултат со кој Ривер се пласираше во полуфиналето.
https://www.youtube.com/watch?v=Neo_JLBsYLc
Првиот меч на „Монументал“ го доби актуелниот шампион со 2:0, доволно за ново Суперкласико и полуфинален двомеч со вечниот ривал Бока јуниорс. Ривер плејт во два многу возбудливи финални дуели во ланското издание на Копа Либертадорес го надигра градскиот ривал и во Мадрид го крена пехарот од јужноамериканската Лига на шампиони.
Во второто полуфинале ќе играат две бразилски екипи, Фламенго и Гремио.