Отворено првенство на САД за маратонски мечеви (Видео)

Отвореното првенство на САД во тенис ќе ги надмине сите гренд слем турнири во последните две сезони, според бројот на мечеви што завршиле во маратонски пет сета кај мажите. Досега се одиграа дури 23 само во две кола, што е многу блиску до 25-те на Ролан Гарос лани.

Имаше многу возбудувања, пресврти драми и маратони, а ноќеска Хјеон Чунг уште еднаш ја покажа убавината на тениската игра. Јужнокореецот е рангиран како 170-ти тенисер на светот, беше во загубена ситуација против Фернандо Вердаско и се чинеше дека брзо ќе биде елиминиран.

Шпанецот ги доби првите два сета со 6:1, 6:2, но Чунг не се предаваше и израмни на 2:2 во сетови. Се играше решавачкиот сет, во кој повторно имаше пресврт за триумф на аутсајдерот. Вердаско прокоцка предност од 4:1 и 5:2, потоа не искористи меч-топка на 6:5 и загуби во тај-брејк од упорниот Јужнокореец.

Претходно и Александер Бублик приреди сличен подвиг како Чунг и негативата од 0:2 во сетови против Томас Фабијано ја претвори во победа во пет сета.

На ред е третото коло на гренд слемот во Њујорк и нови возбудувања, во очекување да биде мината и границата од 30 мечеви што се играле во пет сета.

 

- Оглас -

Најнови вести