Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се тројцата најдобри тенисери во последните 15 години, а нивната доминација се потврдува и со бројки. Тие тројца освоија 51 од последните 62 Гренд слем турнири, а тројцата заедно имаат минато 722 недели како број 1 на АТП-листата.
Пред 15 години, на Вимблдон во 2003, Федерер го освои својот прв Гренд слем и го означи почетокот на неговото искачување кон врвот. Во таа 2003 година, АТП-листата имаше четворица различни лидери, а потоа Федерер го презеде тронот.
Надал го симна Швајцарецот од врвот по цели 237 недели доминација. Во 2011 на „журката“ се приклучи и трет човек, Ѓоковиќ, кој го разби дуализмот на врвот. Федерер и Надал заедно освоија 26 Гренд- лема и беа 387 недели на првото место.
Освен триото Ѓоковиќ-Федерер-Надал, на првото место беше и Енди Мареј, и тоа 41 недела, но тој по бројот на титули не е на нивото на овие тројца. Ниту еден играч кој е роден по 1990 година не знае за Гренд слем титула. Од овие тројца што газат веќе долги години, најголеми жртви се одличните тенисери како Мареј, Дел Потро, Чилиќ, Вавринка, Раониќ, Тием…