Запиша 100 настапи за Вест хем во ПЛ, па доби плата од 100.000 фунти

Вест хем и Мануел Ланзини ја обновија соработката на дополнителни четири години. Аргентинскиот репрезентативец ја прифати понудата на премиерлигашот и ќе се задржи во Лондон до јуни 2024 година. Со новиот договор, Ланзини е еден од ретките играчи на Вест хем кој ќе заработува 100.000 фунти неделно.

Минатиот викенд Ланзини оствари јубилеј во Премиер лигата, триуфмот од 3-1 на гостувањето кај Ватфорд беше негов 100-ти настап за Вест хем во Премиер лигата, а земајќи ги во предвид и куп-натпреварувањата во Англија, Аргентинецот досега одигра 112 меча во кои 20 пати беше стрелец, а има и 19 асистенции на своето конто.

По трансферот од Ал Џазира во 2015 година, Ланзини ја игра својата петта сезона за Вест хем.

- Оглас -

Најнови вести