На денешниот состанок на Собранието на регионалната кошаркарска АБА-лига, донесена е одлука Лигата во следната сезона да има 18 тима, поделени во две групи.
Нови членови на јадранското друштво се австрискиот тим Виена и романскиот Клуж, а дефинитивно нема да има место за Морнар и Цибона, кои испаднаа (од АБА 2 во АБА влегоа Босна и Илирија). Црногорскиот и хрватскиот тим бараа да останат во АБА, но од првакот Партизан се заканиле дека ако овие два клуба не испаднат, Партизан ќе ја напушти лигата.
Ова значи дека во сезоната 2025/2026 во АБА-лигата ќе играат српските Партизан, Црвена ѕвезда, ФМП, Мега, Борац, Спартак, црногорските Будуќност и СЦ Дерби, словенечките Цедевита Олимпија, Крка и Илирија, босанските Игокеа и Босна, хрватските Сплит и Задар, Дубаи од Обединетите Арапски Емирати, Клуж-Напока од Романија и Виена од Австрија.
Морнар, а најверојатно и Цибона, ќе бидат дел од АБА 2 лигата, што не е баш добра вест за МЗТ Скопје Аеродром и другите македонски клубови бидејќи конкуренцијата за пласман во главната АБА-лига вака ќе им биде посилна.