Црвена ѕвезда го совлада вечниот ривал Партизан со 89-84 во големото белградско дерби од АБА лигата.
За Партизан кој сезонава тргна со 11-0, ова е втор пораз по ред, па сега Партизан, Ѕвезда и Будуќност се на првите три места со по 11 победи и два порази.
Како и речиси секогаш, и вечерва имаше драма во белградската „Арена“, и еден-два напади го решаваа победникот. Статистички, Партизан имаше повеќе скокови и асистенции, но Црвено-белите изведоа и погодија седум слободни фрлања повеќе што беше клучно.