АБА лига размислува за проширување, никој не ни спомнува за влез на тим од Македонија

Веќе неколку години регионалната АБА 1 лига е без клуб од Македонија. Собранието на АБА лигата требаше да се одржи утре, но е одложено за на 16 април, а една од главните точки ќе биде дискусијата за зголемување на лигата.

Моментално во АБА 1 учествуваат 16 клубови, а идејата е да има зголемување на дури 20 екипи. Ако тоа се случи, можно е да има и промена на форматот и да се формираат две конференции од по 10 екипи. Сепак, ова се само предлози, а прашање е дали ќе се даде дозвола за зголемување на лигата.

Доколку се дозволи да биде проширена АБА лигата, како најголеми фаворити за влез се тимот на Абу Даби, како и шампионот во АБА 2 натпреварувањето. Тука се споменуваат и екипите на Клуж од Романија, Босна, Виена, како и финалистот од АБА 2 лигата. Во ниту една од комбинациите, не се споменува дека во АБА 1 натпреварувањето би можело повторно да има македонски преставник.

Оваа сезона, три екипи од Македонија беа дел од АБА 2 натпреварувањето и сите три испаднаа уште во групната фаза. Со тие резултати во АБА 2 лигата само се потврде очајниот квалитет кој го има македонското првенство, бидејќи ниту еден наш тим не е ни блиску да се бори за висок пласман во втората лига на АБА, а не па да се размислува за влез во елитата.

- Оглас -

Најнови вести