АБА лигата слави 20-годишнина од постоењето, па во чест на јубилејот ја објави најдобрата петорка во историјата. Рекордерот со шест титули, екипата на Партизан има двајца челнови во идеалниот тим, а местго во петорката што според изборот на АБА лигата е најдобра во 20-годишната историја има за Богдан Богдановиќ и за Јан Весели.
Маркус Вилијамс кој настапуваше за Црвена Ѕвезда е одбран во идеалниот тим, заедно со Кит Ленгфорд, кој настапуваше за Макаби и Крунослав Симон, кој играше за Загреб.
Од нив само Симон нема играно за клуб во НБА лигата.
https://twitter.com/ABA_League/status/1417081000820191232?s=20
АБА го направи изборот со помош на кошаркарските фанови, а во идеалната петорка немаше место за ниту еден македонски кошаркар.