На состанокот на клубовите членки на јадранската АБА-лига донесена е нова одлука, која лошо се одрази на нашиот шампион, МЗТ Скопје. Имено, на состанокот на кој не присуствувале само екипите на Партизан и Будуќност е одлучено само шампионот од АБА-2 лигата да се пласира во повисок ранг, а да се укине баражот помеѓу последнопласираниот од првата и најдобриот клуб кој не е од Србија од АБА-2 лигата.
Ова би значело дека доколку МЗТ Скопје сака да се врати во јадранската елита, ќе мора да ја освои АБА-2 лигата. Сепак, ваквата одлука повторно треба да се земе со резерва бидејќи треба да биде официјалнизирана и со одлука на Партизан и Будуќност, а токму Партизан беше против одлуките кои беа донесени на претходниот состанок, на кој тие не присуствуваа.