3.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Абердин со специјално видео во три минути се збогува со Миовски и на Македонецот му порача: Ти благодариме!

По две сезони одиграни во дресот на Абердин, Бојан Миовски како голема ѕвезда го напушти шкотскиот тим. За Абердин ова е рекорден трансфер од 6,8 милиони фунти, а Миовски во новата сезона ќе игра во шпанската Жирона.

Миовски одигра вкупно 91 меч и даде 44 гола за Абердин, а од шкотскиот клуб тоа навистина го ценат. Со триминутно видео и компилација на головите кои Миовски ги постигна во дресот на Абердин, од шкотскиот клуб му се заблагодарија на Македонецот за сè што направи во изминативе две години.

https://twitter.com/i/status/1824035781058363749

- Оглас -

Најнови вести