Тами Абрахам имаше одлична сезона во дресот на Рома постигнувајќи 27 голови во 52 меча во сите натпреварувања и заслужено е дел од репрезентацијата на Англија. Сепак, покрај Кејн и Стерлинг, нема место за Тами во првиот тим на Гордиот Албион, а така беше и на синоќешниот дуел против Германија.
Иако не играше, Абрахам имаше свое шоу на теренот, и тоа за време на загревањето. Напаѓачот започна да прави финти со топката, но во еден момент незгодно ја нагази и падна на тревата. Тие што го следеа ова шоу на Абрахам, слатко се насмеаја, а фудбалерот веднаш беше свесен дека ќе биде „главен“ на социјалните мрежи.
Следниот ривал на Англија во Лигата на нациите е селекцијата на Италија, а токму тогаш Абрахам може и да добие шанса против земјата во која настапува на клупски план.