14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Абрахам постави англиски рекорд во Серија А – Рома повторно ќе „прокоцкаше“ огромна предност (ФОТО)

Теми Абрахам го постигна деветтиот гол за Рома во оваа сезона во Серија А со што стана најефикасниот Англичанец во ерата од кога се сметаат три бодови.

Неговиот тим, Рома го победи на гостувањето Емполи со 4:2, во меч каде што повторно имаа огромна предност, но, на крајот овојпат не пропуштија бодови.

Римјаните набрзина во првиот дел дадоа четири гола и тоа преку Абрахам (24′), Џјанлука Манчини (33′), Серџио Оливира (35′) и Николо Занонио (37′).

Но, домаќините не се откажаа и преку Андреа Пинамонти во 55-та минута и Недим Бајрами во 72-та се вратија во „живот“. Емполи имаше уште неколку добри шанси за целосно да се врати во игра, но, до такво нешто не дојде.

Рома, со овој триумф сега има 38 бода и е на делба на шестотто место.

- Оглас -

Најнови вести