Абрамович ќе ме пратеше на Сибир ако јас завршев на четвртото место со Челзи

Челзи со победата над Вулверхемптон во последното коло од Премиер лигата успеа да го задржи четвртото место, кое е последно што води излез во Лигата на шампионите. Според многумина, овој пласман на лондонскиот тим е голем успех, посебно ако се знае дека на клупата е Франк Лампард, кој ја имаше првата сезона како стратег во Премиер лигата, а во составот имаше и повеќе млади и неискусни играчи.

Аврам Грант, некогашниот тренер на Челзи, вели дека тимот сезонава направил одлична работа, но и дека не може да се спореди со тоа кога тој бил предводник од клупата на „Стемфорд бриџ“.

„Сезоната беше добра за Челзи, посебно кога ќе се види каков беше стартот. За Лампард ова е големо достигнување затоа што првпат е тренер во Премиер лигата. Секако дека тој е легенда на клубот, но сосема поинаку е кога си на клупата. Создадена е добра база на играчи за во иднина. Сепак, ако споредиме од времето кога јас бев тренер и очекувањата на Роман Абрамович, да му кажев јас дека четвртото место е добро за клубот, веднаш ќе ме испратеше во Сибир“, вели Грант, кој беше на чело на клубот од септември 2007 до мај 2008 година. Челзи таа сезона заврши на второто место, а грант доби отказ.

Челзи може да освои трофеј до крајот на оваа сезона, и тоа во ФА купот. Во финалето на најстарото клупско натпреварување во светот, Челзи ќе игра против градскиот ривал Арсенал. Тој дуел се игра утре, на „Вембли“, а Челзи ја има улогата на фаворит.

 

 

- Оглас -

Најнови вести