Абрамович подготви 230 милиони евра за засилувања, Тухел веќе има тројца на список

Во Челзи не стивнува еуфоријата по освоената титула во Лигата на шампионите. Ретко кој веруваше дека Челзи, кој во првиот дел од сезоната играше слабо, дури падна и на деветтото место во домашното првенство, ќе успее да стигне до форма која ќе им ја донесе и европската титула.

И газдата Роман Абрамович е во еуфорија, па рускиот тајкун најави дека подготвил 230 милиони евра кои ќе бидат потрошени за засилувања во летниот преоден рок. Според најавите, тренерот Томас Тухел веќе има тројца фудбалери на списокот со желби, а тоа се: Ромелу Лукаку, Адам Траоре и Деклан Рајс.

Лукаку еднаш веќе беше во Челзи, и тоа како 18-годишен тинејџер, но тогаш не доби шанса да се докаже, па го продадоа во Евертон. Лукаку потоа играше и за Манчестер јунајтед, а сезонава со Интер стана првак на Италија. Во последната сезона Лукаку даде 24 гола, а имаше и девет асистенции, но поради финансиските проблеми со кои се соочува Интер, можно е Лукаку да биде продаден.

И Рајс беше дел од Челзи, и тоа од младинските категории, но потоа замина во Вест хем. Сега Рајс има 22 години и Тухел верува дека е вистинско време да го врати на „Стемфорд бриџ“. Траоре е производ од школата на Барселона, но веќе пет сезони е дел од англискиот фудбал. Тој би бил одличен во формацијата 3-4-3, што ја преферира Тухел, а Траоре би играл на крилната позиција.

- Оглас -

Најнови вести