Ачерби му се закани на навивач на ПСЖ: Луд сум, ќе те претепам

Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби ги загуби нервите откако еден навивач на трибините на стадионот на кој се игра Светското клупско првенство, решил да го провоцира.

Навивачот бил во дрес на Пари Сен Жермен и упатувал провокативни коментари кон Ачерби, исмевајќи го Интер за поразот од 5:0 во финалето на Лига на шампиони. Тој триумф на ПСЖ е најголем во историја на едно финале во елитното натпреварување на УЕФА.

„Сериозен сум. Немој да се зафркаваш со мене. Не го сакам тоа. Луд сум, ќе те претепам“, му рекол Ачерби на навивачот провокатор.

- Оглас -

Најнови вести