Франческо Ачерби е желба на Симоне Инзаги, кој сака да го доведе во Ал-Хилал од следната сезона, со оглед дека договорот на централниот дефанзивец со Интер истекува на крајот на оваа сезона. Ачерби со Инзаги работеше и претходните три сезони во Интер, како и пет сезони во Лацио.
Ачерби во кариерата настапуваше за Павија, Реџина, Џенова, Киево, Милан, Сасуоло, Лацио и Интер.
Оваа сезона во Серија А, Франческо Ачерби имаше само 14 настапи под водство на Кристијан Киву, а најчесто е на клупата за резерви. Во Лигата на шампионите, каде Интер испадна уште во осминафиналето од Бодо/Глимт со вкупен резултат 2-5, Ачерби одигра пет натпревари.
Првите трофеи во кариерата ги освои со Лацио, Купот на Италија и Суперкупот на Италија. По преминот во Интер, Ачерби освои Куп на Италија, два Суперкупа на Италија и титула во Серија А во сезоната 2023/24.

