Молдавскиот првак Шериф Тираспол, официјално потврди дека нивното крило Адама Траоре, си заминува од клубот.
Фудбалерот од Мали во дресот на Шериф со кој сезонава играше и во Лигата на шампионите, имаше 25 гола и 16 асистенции на 61 меч. Сезонава, како соиграч на Бобан Николов, Траоре имаше 43 настапи и 15 гола со 9 асистенции.
Шериф потврди дека иден клуб на Траоре е унгарски Ференцварош.