Адамс ја прекина серијата на Пеп од седум победи во низа против Саутхемптон (видео)

Саутхемптон до денес броеше седум порази во низа од екипата на Пеп Гвардиола, но Че Адамс со мајсторија од околу 50 метри ја прекина серијата на Манчестер сити. Погодокот на младиот напаѓач во 16-тата минута им донесе на Светците слатка победа од 1-0 во мечот од 33-тото коло во Премиер лигата.

Откако Гвардиола во 2016 година застана на кормилото на Граѓаните, Саутхемптон само во првата пресметка успеа да освои бод против Сити, а оттогаш нареда седум поради од кои еден е во Лига Купот на Англија.

https://streamable.com/qv6poq

За Сити ова е деветти пораз сезонава во Премиер лигата по кој останува на 66 бода, додека Саутхемптон застана на 13-тата позиција на табелата со 43 бода.

- Оглас -

Најнови вести