Тони Адамс беше познат фудбалер во ерата на ѕвездениот тим на Арсенал, а сега изненадувачки стана претседател на Рагби федерацијата на Англија.
Поранешниот фудбалски стопер на Гордиот Албион сега ќе се грижи за развој и успеси на англиското рагби, спорт кој е популарен во Англија.
„Чест ми е да бидам прв човек на рагбито во Англија. Би сакал да останам запаметен како човек кој имал успеси на оваа функција и ќе се трудам максимално да успееме“, изјави Адамс.
Тој е 29-тиот претседател на Рагби федерацијата на Англија.