Искусниот напаѓач Емануел Адебајор кариерата ќе ја продолжи во Турција. Голгетерот кој го носеше дресот на Башакшехир потпиша едногодишен договор со Кајзериспор.
„Ова е првенство кое го познавам многу добро и среќен сум што сум тука. Само со заеднички сили може да направиме нешто. Сакам да имам позитивен придонес во клубот“, рече Адебајор по потпишувањето на договорот.
Во Кајзериспор се уверени дека имаат вистинско засилување со доведувањето на Адебајор, а навивачите еуфорично очекуваат да го видат некогашниот играч на Реал Мадрид, Арсенал и Манчестер сити. Во кариерата, Адебајор има играно и за Мец, Кристал палас и Монако.