Карим Адејеми ептен се израдува на голот на Себастијан Але, човекот што го победи ракот и пак игра фудбал и направи интересна ситуација на култниот „Вестфален“.
Адејеми се залета и скокна врз букетот од соиграчи кои веќе се радуваа со Але на третиот гол за Борусија Дортмунд против Фрајбург во победата од 5:1 и не успеа да се задржи на врвот и падна на тревникот.
https://twitter.com/SkyFootball/status/1621990656842383361?s=20&t=Y3nkwkwpQxi2sYQ5uWZdDA
Ситуацијата беше смешна, а еден од коментарите урнебесен, дека Адејеми паднал од првиот спрат.
BREAKING NEWS Karim Adeyemi feel down the stairs on MET Gala pic.twitter.com/7FCnxKQxmU
— karola (@kundlowa) February 4, 2023