32.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Адем Љајиќ прави трансфер во Сараево

Фудбалерот на Нови Пазар, Адем Љајиќ, ќе го напушти клубот и ќе се пресели во редовите на Сараево, јавуваат босанските медиуми.

Клубот од „Кошево“ со големи амбиции влезе во новата сезона, а искусниот Љајиќ треба да биде едно од клучните засилувања во борбата за шампионската титула. Шансите за негов трансфер во Сараево се сè поголеми, но конечната одлука ќе зависи од самиот играч и раководството на Нови Пазар, со оглед на тоа што тој има актуелен договор до 2026 година.

Ова лето во Сараево пристигнаа и македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези, а директор на клубот е Крсте Велкоски.

Љајиќ има богата кариера зад себе, со настапи за клубови како Партизан, Фиорентина, Рома, Интер, Торино, Бешикташ и Караѓумрук. Потоа се врати во Србија и заигра за Нови Пазар.

Претходно се поврзуваше и со Железничар, имаше неформални разговори, но трансферот на „Грбавица“ сепак не се реализираше. Сега е пред трансфер во ривалот Сараево.

- Оглас -

Најнови вести