Адеми делеше асистенции како Меси, трагичарот Пепе сега со ефектен гол го однесе Арсенал во нокаут-фазата од ЛЕ (Видео)

Арсенал има максимални 12 бодови и е сигурен патник во нокаут-фазата од Лигата на Европа, иако се одиграа само четири кола досега од групната фаза. Напаѓачот Пепе, кој доби црвен картон во мечот против Лидс и беше трагичар на Топчиите, вечерва покажа дека е одличен и голгетер. Тој го постигна првиот погодок за Арсенал во убедливата победа од 3:0 на гости кај Молде.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше предводник на Динамо Загреб во победата на гости од 3:0 против Волфсбергер. Адеми имаше две перфектни асистенции, а Динамо со осум бода и без примен гол е лидер по четири меча во својата група.

На гости победи и Црвена ѕвезда против Гент со 2:0 и српскиот првак е на прагот од пласман во нокаут-фазата.

Резултати: АЕК – Зорја 0:3, Брага – Лестер 3:3, ЦСКА Москва – Феенорд 0:0, ЦСКА Софија – Јанг Бојс 0:1, Гент – Црвена ѕвезда 0:2, ЛАСК – Антверпен 0:2, Либерец – Хофенхајм 0:2, Лил – Милан 1:1, Макаби Тел Авив – Вилјареал 1:1, Молде – Арсенал 0:3, Карабах – Сиваспор 2:3, Спарта Прага – Селтик 4:1, Волфсбергер – Динамо Загреб 0:3.

- Оглас -

Најнови вести