Адеми денес нема да тренира, но има шанси да настапи против Грузија

Фудбалската репрезентација на Македонија веќе е во Тбилиси и за околу еден час ќе го одржи тренингот како една од последните подготовки за клучниот дуел против Грузија.

Аријан Адеми, нашиот клучен играч за врска, нема да присуствува на тренингот, меѓутоа медицинскиот персонал ќе врши напори со инјекции да го забрза закрепнувањето на Адеми, за да може да му се стави на располагање на селекторот Ангеловски за утрешниот историски натпревар.

Македонија веќе е хендикепирана со отуството на повредениот Енис Барди, би била вистинска штета доколку и Адеми не биде меѓу оние играчи кои ќе го дадат максимумот за да обезбедиме прв пласман на едно Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести