Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го постигна првиот погодок во тимот на Бејжинг Гуам, и тоа на спектакуларен начин. Адеми погоди со волеј удар во 23-тата минута и им донесе водство на домаќините, а на крајот токму овој погодок се покажа како клучен за триумф над екипата на Далијан.
Адеми во претходните 13 години настапуваше за Динамо Загреб, а пред неколку месеци реши дека е време за нов предизвик и замина во Кина.