Адеми го напушта Динамо, кариерата ја продолжува во Кина?!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми најверојатно наскоро ќе си замине од Динамо Загреб и кариерата ќе ја продолжи во кинеското првенство.

Адеми, кој е капитен, веќе и легенда на Модрите од Загреб, вчера даде гол во разбивањето на Хајдук во дербито на хрватската лига, по што стана јасно дека загрепчани ќе освојат нова титула и нема да бидат многу мотивирани за игра до крајот на сезонава.

Клуб од Кина на Адеми му испратил убава понуда, тригодишен договор со гарантирана плата од 3 милиони евра по сезона. Преодниот рок во Кина трае до средината на април, па реално е Динамо наскоро да го ослободи човекот кој уште од 2010 година е нивен член.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести