Адеми и Модрите почнаа да тренираат

По месец и пол, екипата на Динамо Загреб од вчера им се врати на активностите. Играчите тренираат во групи од петмина, плус тренер и физиотерапевт кои ги надгледуваат вежбите, притоа сите се држат до мерките за социјална дистанца.

Ова беше прва тренинг сесија на нашиот Аријан Адеми под водство на новиот тренер Игор Јовичевиќ, кој пред извесно време ја презеде клупата од Ненад Бјелица.

Јовичевиќ од тимот Б беше промовиран во тренер на првиот тим, а на негова позиција, како што е познато, ќе пристигне поранешниот тренер на Вардар и македоски репрезентативец, Гоце Седлоски, кој веќе е во Загреб и ќе мора да биде десетина дена во самоизолација пред да почне со своите обврски на новата функција.

Инаку најавите се дека шампионатот во Хрватска би можел да продолжи од 30 мај, евентуално од почетокот на јуни доколку има услови.

 

- Оглас -

Најнови вести