Игор Ангеловски го објави поширокиот список од 23-ца репрезентативци за јунските квалификациски мечеви со Полска и Австрија, а повратници се Аријан Адеми и Марјан Радески.
Го нема повредениот Иван Тричковски, кој сигурно нема да настапи ниту на 7 јуни со Полска во Скопје, ниту со Австрија, повторно во Скопје три дена подоцна.
„На списокот се фудбалери кои долго се во репрезентацијата и мојот принцип останува, тешко да се влегува во составот, но и уште потешко да се излегува.
Се враќаат Аријан Адеми и Марјан Радески по повредите. Езџан Алиоски имаше оперативен зафат, повредени се Илија Несторовски и Александар Трајковски, но сè додека има шанси, веруваме дека ќе можат да играат.
Полска и Австрија се квалитетни селекции, имаат доста познати играчи, но јас сакам ние да бидеме максимално подготвени и да го дадеме најдоброто од себе. Кога ние ќе го дадеме нашиот максимум, можеме да победиме и многу подобри селекции од себе“, изјави селекторот на македонската репрезентација.
Еве го комплетниот список: