Адеми и Ристовски немоќни со Динамо против Тотенхем

Тотенхем со 2:0 го победи Динамо Загреб во првиот меч од осминафиналето во Лигата на Европа. Англискиот тим имаше доминација на теренот и тоа го круниса со два погодоци. Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн погоди по еднаш во двете полувремиња.

Првиот гол беше во 25 минута кога Кејн го искористи „отпадокот“, по продорот на Ламела, кој шутираше, но ја погоди стативата. Одбиената топка заврши кај Кејн, кој немаше никаков проблем да ја погоди празната мрежа. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме Кејн погоди во 70 минута. Тој погодок може да го погледнете ТУКА.

Во стартниот тим на Динамо беа двајцата македонски репрезентативци, Аријан Адеми со капитенската лента, а Стефан Ристовски во дефанзивниот ред. И Адеми и Ристовски добија жолт картон во второто полувреме, а Адеми се повреди во последните моменти од мечот и мораше да излезе од игра во 90 минута.

Во останатите мечеви кои се играа од 21 часот: Рома – Шахтар 3:0, Гранада – Молде 2:0 и Олимпијакос – Арсенал 1:3.

- Оглас -

Најнови вести