Адеми има нов тренер – Кормилото во Динамо го презема Јовичевиќ

Игор Јовичевиќ е нов тренер на Динамо Загреб, клуб чиј капитен е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Популарните Модри му дадоа шанса на талентираниот стратег да биде кормилар на првиот тим откако имаше забележителен успех како тренер на младинската екипа.

Јовичевиќ ќе го наследи Ненад Бјелица, кој не прифати намалување на платата и спогодбено се раздели со Динамо.

„Ова е остварување на мојот сон од детството. Во младите денови бев навивач од Северната трибина на Динамо, а сега имам чест да бидам и шеф на стручниот штаб на мојот омилен клуб. Подготвен сум за сите предизвици и верувам дека ќе продолжиме да чекориме на патеките кон успехот“, изјави новиот тренер на Динамо.

Јовичевиќ беше тренер на младинците на Динамо од 2017 година и двапати успеа да ги одведе до четвртфиналето на Лигата на шампионите за играчи до 19 години.

Младитен момци на Динамо можат годинава да стигнат и подалеку од четвртфиналето бидејќи сè уште се во игра за титулата и ги чека четвртфинална пресметка со Бенфика.

 

- Оглас -

Најнови вести