Адеми ќе оди на операција, го пропушта двомечот со Бенфика

Капитенот на Динамо Загреб, македонскиот интернационалец Аријан Адеми, нема да му помогне на својот тим на двата меча од осминафиналето во Лигата на Европа против Бенфика. Клупскиот лекар на Динамо, Ивица Смодек, потврди дека Адеми ќе биде опериран и нема да игра.

Адеми веќе неколку месеци има болки во стомачните мускули, а болките се засилиле пред мечот со Викторија П’лзењ. Уште тогаш на Адеми му се советуваше рутинска операција за решавање на проблемот, но тој не сакаше да го остави тимот на цедило и инсистираше да игра под инјекции.

Во меѓувреме, болките се засилиле и станале речиси неиздржливи, па договорено е Адеми да оди на оперативниот зафат, кој ќе биде извршен во Минхен. Закрепнувањето ќе трае три седмици, што значи дека тој нема да игра против португалскиот гигант. Неговото место во средниот ред ќе го пополни Иван Шуњиќ.

- Оглас -

Најнови вести