Аријан Адеми ќе биде дел од експедицијата која ќе отпатува за Тбилиси на најважниот натпревар за македонската репрезентација бидејќи победа ни носи прв пласман на Европско првенство. Сепак, до пред самиот натпревар нема да биде познато дали Адеми ќе игра или не. Од ФФМ вчера најавија дека шансите за настап му се минимални, но самото негово присуство во Тбилиси ја остава отворена опцијата да игра откако ќе прими инјекција.